Ibutop крем за болки 50g :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Ibutop крем за болки 50g


  • Шифра: 0012082
  • Производител: DOLORGIET
215 ден.

Ibutop  крем за болки 50g.

Ибутоп Kрем е лек кој ослободува од болка и антиинфламаторен лек за апликација на кожа.

За локаленили придружен третман во случај на

    -мускулен ревматизам,
    -болни дегеративни состојби (артроза),
   -воспалителни ревматски состојби на зглобовите и ‘рбетниот столб,
   - оток или вопспаление на мекте ткива во непосредна близина на зглобовите (на пр. бурса, тетиви, обвивка на тетиви, лигаменти и зглобни капсули),
    -вкочанетост во рамената, болка во долниот дел на грбот, лумбаго,
    -спортски и други случајни повреди како што се нагмечување, исчашување, истегнување.
Како да го употребувате Ибутоп Kрем

Секогаш употребувајте го овој лек точно како што е опишано во ова упатството или како што Ви рекол Вашиот лекар, фармацевт или медицинска сестра. Ако не сте сигурни проверете кај Вашиот лекар, фармацевт или медицинска сестра.

Препорачана доза е:

Нанесете Ибутоп Kрем 3-4 пати на ден. Зависно од големината на болната регија што треба да се третира, Ви треба 4-10 cm од кремот што одговара на 2-5 g  крем (100-250 mg ибупрофен).  Максималната дневна доза е 20 g крем што одговара на 1000 mg ибупрофен.

Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството!
За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.