Ibutop гел за болки 50g :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Ibutop гел за болки 50g


  • Шифра: 0005317
  • Производител: DOLORGIET
233 ден.

Ibutop  гел за болки 50g.

Што претставува Ибутоп Гел и за што се употребува

Ибутоп Гел е лек кој ослободува од болка и антиинфламаторен лек за апликација на кожа.

Индикации

За локален придружен симптоматски третман на болка во случај на        

   - акутно истегнување, исчашување или нагмечување на екстремитетите како резултат на тапа траума на пр. спортски повреди
    -мускулен ревматизам
   - артрози (болни дегеративни состојби на зглобовите)
   - воспалителни ревматски состојби на зглобовите и ‘рбетниот столб,
   - оток и/или воспаление на меките ткива во непосредна близина на зглобовите (на пр. бурса, тетиви, обвивка на тетиви, лигаменти и зглобни капсули), вкочанетост во рамената, болка во долниот дел на грбот, лумбаго.
Препорачана доза е:

Ибутоп Гел се нанесува 3-4 пати на ден. Зависно од големината на засегнатата регија што треба да се третира, Ви треба 4-10 cm гел што одговара на 2-5 g  гел (100-250 mg ибупрофен).  Максималната дневна доза е 20 g гел што одговара на 1000 mg ибупрофен.


Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството!
За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.