Marisol Aloe Vera спреј за нос 50ml :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Marisol Aloe Vera спреј за нос 50ml


  • Шифра: 0001072
  • Производител: Esensa
315 ден.

Marisol Aloe Vera спреј за нос 50ml.

Marisol sensitive спреј раствор за нос е изотоничен раствор од морска сол збогатен со екстракт од лист на Aloe vera. Наменет е за лица кај кои е отежната физиолошката функција на носната слузокожа како и за секојдневно одржување на хигиената на носната шуплина. Marisol sensitive растворот ја враќа природната влажност на носната слузокожа, способноста за самопрочистување и нормална продукција на слуз која ја штити од сушење и механички надразнувања (чад, прашина, и сл.). Гелот кој потекнува од листот на Aloe vera има против воспалително дејство, доведува до намалување на отокот и го подобрува процесот на епителизација кај иритирана и оштетена слузокожа на носот за време и после инфекции. Покрај тоа, содржи и витамини Ц и Е, како и цинк кој ја намалува можноста за развој на бактериски и вирусни инфекции на ниво на горните дишни патишта. Поради способноста целосно да ја обложи и смири дури и најчувствителната носна слузница, Marisol sensitive е особено погоден за примена кај лица склони кон алергии.

Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството!
За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.