Fervex кесички за деца, 8 монодозни ќесички :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Fervex кесички за деца, 8 монодозни ќесички


  • Шифра: 0002854
  • Производител: UPSA
260 ден.

Fervex кесички за деца, 8 монодозни кесички.

Fervex® за деца е наменет за третман на настинка, воспаление на слузницата на носот (ринит), воспаление на слузницата на носот и грлото (ринофарингит) и состојби слични на грип (бистар исцедок од носот, кивање, солзење, главоболка и/или покачена температура)  кај деца од 6 до 15 годишна возраст.
Состав:
Активни компоненти: парацетамол 280mg, витамин Ц 100mg, фенирамин малеат 10mg
Останати состојки: арома на малина
Напомена: Оваа формулација не содржи шеќери и други засладувачи.
Дозирање и начин на употрба:
Дозирање кај деца од 6 до 10 години: по 1 кесичка два пати на ден (до 2 кесички за 24 часа). Дозирање кај деца од 10 до 12 години: по 1 кесичка три пати на ден (до 3 кесички за 24 часа).
Дозирање кај деца од 12 до 15 години: по 1 кесичка четири пати на ден (до 4 кесички за 24 часа).
Интервалот помеѓу дозите треба да биде најмалку 4 часа, кај пациенти со нарушена бубрежна функција интервалот меѓу две дози треба да е најмалку 8 часа.
Содржината на кесичката се раствора во чаша (200 ml) топла или ладна вода. Препорачливо е да е водата топла, но да не преминува 60°C.
Времетраење на употреба: 3 дена. Ако не се забележи олеснување на симптомите по 3 дневна употреба на препаратот, пациентот треба да се консултира со лекар.
Пакување: 8 еднодозни кесички

Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството!
За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.