Rhinostop сируп за деца 100ml :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Rhinostop сируп за деца 100ml


  • Шифра: 0003332
  • Производител: Bosnalijek
175 ден.

Rhinostop сируп за деца 100ml.

Лек Rhinostop® сируп содржи три активни состојки – парацетамол, псеудоефедрин и хлорфенамин чии што делувања меѓусебно се помагаат.

Парацетамол ублажува болки и намалува покачена телесна температура.

Псеудоефедрин е назален деконгестив. Делува на малите крвни садови во слузницата и носот предизвикувајќи нивно стеснување што доведува до спречување на прекумерно излачување на секрет од носот и ги ублажува симптомите на воспаление на слузницата на носот и синусите.

Хлорфенамин со своето антихистаминско делување ја намалува затнатоста, течењето од  носот како и солзењето и пецкањето на очите.

Во случај да со примена на едноставни мерки на лечење не се постигне соодветно олеснување на симптомите кај деца постари од 6 години се применува Rhinostop® сируп за ублажување на симптомите на настинка, грип или алергиски ринит како што се:

    -зголемена секреција од нос ,
    -кивање,
    -затнатост на носот и синусите,
   - црвенило на нос и очи ,
    -чувство на пецкање и солзење на очите,
    -главоболка,
    -болка во пределот на синусите,
    -болно грло,
   - болка во мускулите и зглобовите,
   - покачена телесна температура,
    -општа слабост и сл.

Возрасни особи исто така можат да го применуваат Rhinostop®  сируп во рамки на наведените индикации..

Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството!

За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.

ВИА ФАРМ ВО СЛУЖБА НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ!


Употреба:

Rhinostop сируп се применува орално (преку уста).

Пред примена на Rhinostop сируп морате да се придржувате на следните препораки за дозирање:

Деца на возраст од 6 до 12 години

    1  одмерна лажичка  (5 ml) Rhinostop® сируп на секој 6 часа

Деца постари од 12 години

    3 одмерни лажички (15 ml) Rhinostop® сируп на секој 6 часа

Доколку кај возрасни особи одговара лек Rhinostop во облик на сируп, може да се применуваат истите дози кои се препорачани за деца над 12 годишна возраст.

Примена на Rhinostop сируп кај деца помлади од 6 години е контраиндицирана.

Bosnalijek

Bosnalijek