Rhinostop таблети за возрасни, 10 таблети :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Rhinostop таблети за возрасни, 10 таблети


  • Шифра: 0007272
  • Производител: Bosnalijek
140 ден.

Rhinostop таблети  за возрасни,10 таблети.

Лек RHINOSTOP® таблети содржи три активни состојки – парацетамол, псеудоефедрин и хлорфенамин чии што делувања меѓусебно се помагаат.

Парацетамол ублажува болки и намалува покачена телесна температура.

Псеудоефедрин е назален деконгестив. Делува на малите крвни садови во слузницата и носот предизвикувајќи нивно стеснување што доведува до спречување на прекумерно излачување на секрет од носот и ги ублажува симптомите на воспаление на слузницата на носот и синусите.

Хлорфенамин со своето антихистаминско делување ја намалува затнатоста, течењето од  носот како и солзењето и пецкањето на очите.
RHINOSTOP® таблети се применуваат за олеснување на симптомите на настинка ,грип и алергиски ринитис меѓу кои :

    -зголемена секреција од носот
  - кивање,
    -затнатост на носот и синусите,
   - црвенило на носот и очите,
   - насолзени очи кои чешаат,
  -  главоболка,
   - болка во синусите,
    -болка во грлото,
   - болка во мускулите и зглобовите,
  -  висока телесна температура,
   -општа слабост и сл.

Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството!

За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.

ВИА ФАРМ ВО СЛУЖБА НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ!

Употреба:

При употреба на  RHINOSTOP® таблети треба да се придржувате кон следните препораки за дозирање:

Возрасни пациенти и деца над 12 години една RHINOSTOP таблета на секои  6 часа.

Немојте да земате повеќе од 4 таблети во период од 24 часа.

 RHINOSTOP таблети не е наменет за употреба кај пациенти под 12 години.

За деца на возраст од 6 – 12 години се препорачува употреба на  RHINOSTOP сируп.

Bosnalijek

Bosnalijek