Nogripin сируп за деца 100ml :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Nogripin сируп за деца 100ml


  • Шифра: 0012204
  • Производител: Biofarma Ilac
160 ден.

Nogripin сируп за деца 100ml.

Комбиниран лек кој содржи три активни супстанции вклучувајќи аналгетик и антипиретик (парацетамол), антихистаминик (хлорфенирамин малеат) и антитусик (оксоламин цитрат), кој делува на кашлицата со разредување на секретот со своите секретолитички ефекти.

Nogripin се користи за одстранување на симптомите на акутните инфекции на горните дишни патишта како што се грип, настинка и алергиски заболувања како што се болка, треска, кивање, кашлање, течење на носот, затнат нос, кои се јавуваат кај алергиски заболувања.

Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството.

За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.

ВИА ФАРМ ВО СЛУЖБА НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ!

Употреба:

 Деца на возраст помеѓу 6-12 години: ½ - 1 одмерна лажичка (2.5 ml - 5 ml) одеднаш.

Оваа доза може да ја повторите 3-4 пати на секои 6-8 часа на ден. Можете да дадете максимум 4 одмерни лажички на ден, не ја надминувајте оваа доза.