Aspirin+C vitamin шумливи таблети за возрасни,10 шумливи таблети :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Aspirin+C vitamin шумливи таблети за возрасни,10 шумливи таблети


  • Шифра: 0004066
  • Производител: Bayer
240 ден.

Aspirin+C vitamin шумливи таблети за возрасни, 10 шумливи таблети.

Состав: 400mg acetylsalicylic acid/240mg ascorbic acid.

    Аспирин плус Ц е лек што ублажува болки, намалува зголемена температура и дејствува против-воспалително (нестероиден антиинфламаторен/аналгетски лек)
    Витаминот Ц ја зголемува отпорноста на организмот кај инфективни болести  и при физичка активност

Се употребува за:

Симптоматско ослободување од главоболка, забоболка, болки во грлото, болка во грбот, менструални тегоби, болка во зглобовите и мускулите, умерена артритична болка. Намалување на зголемената телесна температура и треска кај настинка и грип.

Пакување: 10 шумливи таблети

Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството!
За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.

ВИА ФАРМ ВО СЛУЖБА НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ!

 Употреба:

Возрасни:1 до 2 шумливи таблети (400 до 800 мг ацетилсалицилна киселина) на секои 4 до 8 часа.

Деца над 12 годишна возраст:

Се препорачува дневна доза на ацетилсалицилна киселина од 60 мг/кг телесна маса, разделена на 4 до 6 одделни дози (15 мг/кг на секои 6 часа или 10 мг/кг на секои 4 часа). Се препорачува еднократна доза од 1 шумлива таблета (400 мг ацетилсалицилна киселина).

Растворете ја шумливата таблета во чаша вода и испијте ја.

Аспирин плус Ц земајте најмноrу 3 до 5 дена. Ако симптомите не исчезнат или ако се повторуваат, посоветувајте се со својот доктор.

Bayer

Bayer