Daleron сируп за деца 100ml
- Шифра: 0005001
- Производител: KRKA
Daleron сируп за деца 100 ml.
Суспензијата Далерон содржи парацетамол кој ја инхибира синтезата на простагландините во централниот нервен систем, со тоа ја намалува покачената телесна температура и ја ублажува болката. Поради ефикасното и безбедно дејство на парацетамолот, лекот е особено погоден за деца. Ја намалува покачената телесна температура која се јавува при бактериски и вирусни инфекции. Овој лек ублажува умерена болка која е резултат на некоја повреда, или пак на некоја лекарска или заболекарска интервенција.
Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатствот.
За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.
ВИА ФАРМ ВО СЛУЖБА НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ!
Препорачаната доза за деца е 10 до 15 мг парацетамол на кг телесна тежина. За попрецизно дозирање, заедно со лекот имате и шприц за перорална употреба. Измерете ја потребната количина со шприцот и испразнете ја во устата на детето. Можете и да го испразните шприцот во лажичка и потоа да му го дадете на детето.
Пред употреба, добро протресете го шишето. По употреба, добро затворете го шишето. Измијте го шприцот со вода, по употребата.