Caffetin cold plus таблети за возрасни
- Шифра: 0007742
- Производител: Alkaloid
Caffetin cold plus таблети за возрасни,10 таблети.
Caffetin Cold plus претставува комбиниран препарат којшто содржи повеќе активни супстанции. Парацетамолот ја ублажува болката и ја намалува телесната тампература. Псевдоефедринот ја намалува назалната конгестија овозможувајќи проодност во носот и во дишните патишта. Декстрометорфанот, пак, ја ублажува кашлицата предизвикана од слаба иритација на грлото и на дишните патишта. Витаминот Ц го поттикнува имунолошкиот систем.
Индикации
Caffetin Cold plus се употребува за ублажување на главните симптоми на настинка и грип (главоболка, болка во мускулите, болка во грлото, назална конгестија, зголемена телесна температура, кашлица).
Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатств
За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.
ВИА ФАРМ ВО СЛУЖБА НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ!
Употреба:
Возрасни и деца над 12 години се препорачува по 1 таблета 4 пати на ден, интервалот помеѓу одделни дози треба да биде најмалку 4 часа (најмногу 4 пати х 2 таблети на ден).