Caffetin COLD max кесички за возрасни
- Шифра: 0012431
- Производител: Alkaloid
Caffetin COLD max кесички за возрасни, 10 монодозни кесички .
Caffetin COLD max претставува комбиниран препарат кој содржи две активни супстанции, парацетамол и фенилефрин. Се употребува за ублажување на главните симптоми на настинка и грип (главоболка, болка во мускулите, болка во грлото, назална конгестија, зголемена телесна температура).
Парацетамолот ја ублажува болката и ја намалува телесната температура. Фенилефринот пак ја намалува назалната конгестија, со што овозможува проодност во носот и во дишните патишта.
Состав: Парацетамол 1000 mg и Фенилефрин хидрохлорид 12,2 mg (еквивалентен на 10 mg фенилефрин, база).
Помошни супстанции: сахароза, аскорбинска киселина, лимонска киселина, натриум цитрат, аспартам, сахарин натриум, колоиден силициум диоксид, безводен, арома на лимон.
Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството.
За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.
ВИА ФАРМ ВО СЛУЖБА НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ!
Употрба:
Препорачана дневна доза е од 1-4 ќесички. Интервалот помеѓу
одделни дози треба да биде најмалку 4 часа. Mаксимална дневна доза е 4
ќесички.