Herbion сируп од јаглика 150ml.
Хербион сирупот од јаглика се препорачува за искашлување при продуктивна кашлица кај горно респирaторни болести придружени со кашлица.
Хербион сирупот од јаглика има комплексен состав:
- екстракт од корен на јаглика
- екстракт од херба на мајчина душица
Хербион сирупот од јаглика има вкус на мајчина душица.
Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството
За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.
ВИА ФАРМ ВО СЛУЖБА НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ!
Употреба:
Начин на употреба:
- Возрасни и деца над 12 години: 1 дозирна лажичка 4 пати на ден
- Деца на возраст од 4 до 12 години: 1 дозирна лажичка 3 пати на ден
- Деца на возраст под 4 години: не се препорачува
Се препорачува пиење на многу чај и други топли пијалоци за време на
земањето на сирупите, но не веднаш по нивната употреба бидејќи храната и
пијалоците може да ја забрзаат елиминацијата на лекот од слузницата на
устата и грлото.
Доколку симптомите се влошат или не се подобрат по 1 недела, консултирајте се со лекар.