Fervex кесички за возрасни, 8 монодозни ќесички :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Fervex кесички за возрасни, 8 монодозни ќесички


  • Шифра: 0009433
  • Производител: UPSA
35 ден.

Fervex кесички за возрасни, 8 монодозни кесички.

Fervex за возрасни е наменет за третман на настинка, воспаление на слузницата на носот (ринит), воспаление на слузницата на носот и грлото (ринофарингит) и состојби слични на грип (бистар исцедок од носот, кивање, солзење), главоболка и/или покачена температура кај возрасни и деца над 15 годишна возраст.
Состав:
Активни компоненти: парацетамол 500mg, витамин Ц 250mg, фенирамин малеат 25mg
Останати состојки: природна арома од есенцијални масла од лимон, цимет и каранфилче, природни екстракти од рум, ванила и карамел, сахароза.
Напомена: оваа формулација содржи сахароза како засладувач. За дијабетичари и лица кои избегнуваат внес на шеќери се препорачува формулацијата Fervex без шеќер која ги содржи истите активни компоненти и аспартам како засладувач.

Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството.

За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.

ВИА ФАРМ ВО СЛУЖБА НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ!


 Употреба:

Дозирање и начин на употреба:
Вообичаено дозирање: 1 кесичка 2-3
пати на ден. Интервалот помеѓу дозите треба да биде најмалку 4 часа. Кај
лица кои имаат нарушена бубрежна функција интервалот меѓу две дози
треба да е најмалку 8 часа.
Содржината на кесичката се раствора во
чаша (200 ml) со топла или ладна вода. Препорачливо е да е водата топла,
но да не преминува 60°C.
Времетраење на употреба: 3-5 дена. Ако не
се забележи олеснување на симптомите по 5 дневна употреба на препаратот,
пациентот треба да се консултира со лекар.
Мерка на претпазливост:
употребата на лекот може да предизвика поспаност. При примена не треба
да возите или да ракувате со машини.

Мерка на претпазливост:

Употребата на лекот може да предизвика поспаност. При примена не треба
да возите или да ракувате со машини.