ESPRICO капсули , 60 капсули за џвакање со овошен вкус :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




ESPRICO капсули , 60 капсули за џвакање со овошен вкус


  • Шифра: 0017204
  • Производител: Engelhard Arzneimittel
1.670 ден.

ESPRICO капсули,

60 капсули за џвакање со овошен вкус.

Esprico е специјално изработен препарат како додаток на исхрана наменет за хиперактивни деца. Доаѓа во облик на капсули за џвакање со пријатен овошен вкус кои содржат рибино масло (високо пречистено, добиено од морски риби) со висока концентрација на омега-3 и омега-6 масни киселини во комбинација со магнезиум и цинк. По 12 седмици прием на Есприко има значително намалување на симптомите на дефицит на внимание, хиперактивност и импулсивност. Исто така забележано е и подобрување на сонот и полесно заспивање кај децата.

Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството!
За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.

ВИА ФАРМ ВО СЛУЖБА НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ!

Упатство за употреба: Децата на возраст од 5 години и над пет годишна возраст треба да земаат 4 капсули дневно, 2 наутро и 2 навечер за време или по оброкот. Капсулите може да се џвакаат или голтнат цели со мала количина на течност по желба. Содржината на капсулата може да се истисне во лажица или да се промеша во оброкот. ESPRICO е диететска храна за специфична медицинска намена. ESPRICO не треба да се користи во случај на алергија на која било од неговите состојки, на пример риба или ноќниче. Може да има лаксативно дејство доколку се користи прекумерно. Да не се надминува препорачаната дневна доза. Разновидната и урамнотежена исхрана како и здравиот начин на живот се важни.