OMNI BIOTIC 10 ќесички, 10 ќесички :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




OMNI BIOTIC 10 ќесички, 10 ќесички


  • Шифра: 0021176
  • Производител: Institut Allergosan, Австија
1.200 ден.

Што претставува и за што се употребува граничниот производ OMNi-BiOTiC®10 ?

OMNi-BiOTiC®10 претставува комбинација од еден пробиотик* со десет различни бактериски соеви кои се наоѓаат природно во цревата и еден пребиотик** кој на овие здрави микроорганизми им нуди оптимална средина за нивното размножување и населување. Оваа комбинација се нарекува синбиотик ***.

*како пробиотик се означуваат производи кои содржат голем број на животоспособни микроорганизми (=бактерии) кои ја подржуваат регенерацијата на цревната флора и дигестивните процеси.

** пребиотикот е дефиниран како несварлив составен дел од исхраната кој го подобрува растот и активноста на цревната флора

*** синбиотик е комбинација од пребиотици и пробиотици кои преку селективно стимулирање на растот и/или преку активирање на метаболизмот делуваат на бактериите и со тоа го подобруваат здравјето.

Што содржи граничниот производ?
Активни компоненти 1 кесичка (5 g)

Пробиотички цревни симбиотици: 5 х 10 ⁹

-Bifidobacterium bifidum W23
-Bifidobacterium lactis W18
-Bifidobacterium longum W51
-Enterococcus faecium W54
-Lactobacillus acidophilus W37
-Lactobacillus acidophilus W55
-Lactobacillus paracasei W72
-Lactobacillus plantarum W62
-Lactobacillus rhamnosus W71
-Lactobacillus salivarius W24
Ексципиенси
Пченкарен скроб, малтодекстрин, инулин, *бактериски соеви,оризов протеин, калиум хлорид, магнезиум сулфат, фруктоолигосахариди, ензими (амилази), ванила арома, манган сулфат.

Производот нема додадени глутен, квасец или лактоза и е погоден за дијабетичари и лица со лактозна интолеранција.

Како изгледа граничниот производ и големина на пакувањето?

10 кесички по 5гр во нето количина 50гр.

Кои се особености на OMNi-BiOTiC®10?
Специјалната матрица во која што се имплементирани десетте бактериски соеви нa OMNi-BiOTiC®10 e развиена по долгогодишна истражувачка работа, со цел да ги активира бактериите и да ги направи резистентни на желудочни и жолчни киселини.

Зошто комбинацијата од повеќе бактериски соеви е подобра од употребата на поединечни соеви на микроорганизми?

Високиот број од 5 милијарди активни бактерии по доза, како и комбинацијата од десет различни пробиотски бактериски соеви, ги даваат карактеристиките и својствата благодарејќи на кои OMNi-BiOTiC®10 ја има својата примена и успех. Комбинацијата од различни видови на бактерии допринесува истите подобро да се населат и размножат во цревата, се создава ph-вредност (кисела вредност) на слузокожата која го намалува размножувањето на патогените на болеста.

Бидејќи антибиотиците може да ја оштетат цревната флора и цревната преграда, се препорачува употреба на OMNi-BiOTiC®10 при секое користење на антибиотици и најмалку две недели по тоа. Третирањето на тегоби кои се јавуваат при користење на антибиотици може да трае месеци дури и години по користењето на антибиотици. OMNi-BiOTiC®10 може да се користи во ваков случај без никакво временско ограничување.



Како правилно се користи OMNi-BiOTiC®10 ?
Препорачаната дневна доза на OMNi-BiOTiC®10 (=1-2 кесички, погледнете долу) растворете ја во 1/8 l (125 мл)вода, оставете да дејствува најмалку 1 минута (за рехидратација и активирање на бактериите ), уште еднаш промешајте и потоа испијте пред појадок или навечер пред спиење.

Како правилно да се дозира OMNi-BiOTiC®10 за да се постигнат најдобрите резултати?

За време на терапија со антибиотици: 2 х дневно по 1 кесичка, по можност барем 1 час од земањето на антибиотик.

По завршувањето на терапијата со антибиотици: најмалку 7-14 дена, 1 х дневно по 1 кесичка или цело време додека чувствувате тегоби за регенерирање на цревната флора.

Деца до 3 години земаат половина од препорачаната доза за возрасни.

Комбинација со други пробиотици – сите OMNi-BiOTiC®10 производи се компатибилни еден со друг така што можат да се комбинираат без проблем.