Fervex кесички за возрасни без шеќер, 8 монодозни ќесички :: ПЗУ Аптека Виа Фарм
×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Fervex кесички за возрасни без шеќер, 8 монодозни ќесички


  • Шифра: 0001211
  • Производител: UPSA
345 ден.

Fervex кесички  за возрасни без шеќер, 8 монодозни кесички.

FERVEX без шеќер, за возрасни
Производител:UPSA
Fervex® за возрасни е наменет за третман на настинка, воспаление на слузницата на носот (ринит), воспаление на слузницата на носот и грлото (ринофарингит) и состојби слични на грип (бистар исцедок од носот, кивање, солзење), главоболка и/или покачена температура кај возрасни и деца над 15 годишна возраст.
Состав:
Активни компоненти: парацетамол 500mg, витамин Ц 250mg, фенирамин малеат 25mg
Останати состојки: природна арома од есенцијални масла од лимон, цимет и каранфилче, природни екстракти од рум, ванила и карамел, аспартам.
Напомена: оваа формулација содржи аспартам како засладувач и е погодна за примена кај дијабетичари и лица кои избегнуваат внес на шеќери.
Дозирање и начин на употреба:
Вообичаено дозирање: 1 кесичка 2-3 пати на ден. Интервалот помеѓу дозите треба да биде најмалку 4 часа. Кај пациенти со нарушена бубрежна функција интервалот меѓу две дози треба да е најмалку 8 часа.
Содржината на кесичката се раствора во чаша (200 ml) со топла или ладна вода. Препорачливо е да е водата топла, но да не преминува 60°C.
Времетраење на употреба: 3-5 дена. Ако не се забележи олеснување на симптомите по 5 дневна употреба на препаратот, пациентот треба да се консултира со лекар.
Мерка на претпазливост: употребата на лекот може да предизвика поспаност. При примена не треба да возите или да ракувате со машини.


Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството!
За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.